По спектакуларните белградски концерти, најголемото балканско шоу конечно доаѓа и во Скопје.

Балканската мегаѕвезда, естрадната модна икона, најпровокативната,и највозбудлива пејачка во регионот и пошироко, ултрасексапилната Јелена Карлеуша доаѓа на голем, спектакуларен концерт во Скопје.

Балканската дива со шоу кое за сите останати е недостижно и далеку пред времето, како дел од турнејата „ALPHA & OMEGA“, која ја започнува од македонската престолнина!

Концертниот спектакл од невидени размери, со специјални светлечки и видео ефекти, лед скринови, ласери… и бројни еротски кореографии на атрактивните танчарки кои ја придружуваат на сцената е закажан за 19-ти октомври 2024, сабота,со почеток во 20.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, во организација на “Event Group“ продукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.