Друштвото МДД „Македонија“ – Ешален од Швајцарија одбележува 35-години постоење и на 30 ноември организира настан со богата содржина во Швајцарија, на кој македонците и нивните пријатели ќе имаат можност да уживаат во репертоарот на македонската група „Мерак“.

Воодушевени сме што ќе настапиме во Швајцарија за македонците на овој значаен јубилеј и што ќе имаме можност да ги интерпретираме нашите мелодии со сите што ќе ни се придружат. За нас, ова е навистина посебен момент, бидејќи музиката нѐ поврзува со корените и македонските традиции на нашата татковина Македонија“, изјавија од група „Мерак“.

Настанот има за цел да ја чествува 35-годишнината од постоењето на Друштвото.

Заедно да го одбележиме јубилејот и да уживаме во музиката на групата „Мерак“, од која ќе слушнеме дел од прекрасните македонски мелодии со кои ќе го одбележиме денот во духот на претстојните празници“, наведоа од Друштвото.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.