Петар Грашо вечерва ќе го одржи првиот од трите ексклузивни концерти со симфониски оркестар во Скопје. Следните два се на 27 и 29 април во ,,Македонска филхармонија’.
Македонската публика секогаш со овации и со аплауз, воодушевено ги прима изведбите на Петар Грашо, па нема сомнеж дека така ќе биде и овој пат. Подгответе се за неверојатни два часа свирење и пеење на најголемите хитови како што се ,,Ako te pitaju“, „Moje zlato“, „Utorak“, „Ko nam brani“, а освен неговите фантастични песни, со огромно задоволство ќе ги слушаме и песните Оливер Драгојевиќ. Сите оние кои останаа без влезница за првите два концерти, можат уште веднаш да си купат влезница за третиот. Истото можат да го направат преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер. Бидете брзи!
Како што дознаваме од тимот на Грашо, сѐ е подготвено за концертите кои се закажани на 26, 27 и 29 април. Се води сметка буквално за секој детал, а со оглед на тоа што не очекува музички, сценски спектакл, не се штедело апсолутно на ништо.
Човекот кој во моментов претставува хрватска институција, ќе имаме можност да го гледаме и слушаме во интимен амбиент во Скопје, каде што заедно со симфониски оркестар на сцената во Филхармонија, ќе ги испее своите најголеми хитови, но и хитовите на Оливер Драгојевиќ.
Публика ќе има од секој крај на Македонија, а Грашо едвај чека да застане на сцената во Филхармонија
За овој концерт се подготвуваме долг период и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Искрено се радувам на огромниот интерес за моите концерти и знам дека заедно со симфониски оркестар ќе направиме ноќ за паметење, ноќ во која сите ќе пееме, радуваме и уживаме“. – кажа Грашо во пресрет на неговите три концерти во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.