Најголемата рок легенда на Балканот, Горан Бреговиќ, доаѓа во Скопје на јубилеен и роденденски концерт во спортскиот центар „Јане Сандански“, на 23 март. Со концертот закажан само еден ден по неговиот роденден, неповторливиот Бреговиќ ќе одбележи и 50 години постоење на најуспешната и култна екс ју рок група Бијело Дугме на која тој беше лидер.

Ќе имате уникатна можност да слушнете бројни легендарни хитови во изведба на Брега, придружуван од неговиот уникатен „Оркестар за свадби и погреби“.

Концертот е роденденски, но не треба да носите подароци, бидејќи Бреговиќ порачува – македонската публика во што поголем број за него ќе биде најголемиот подарок.

На овој концерт ќе се спојат различни генерации. Оние кои пораснале со музиката на сараевчанецот за кој освен Балканот слушна и светот, тие кои од претходните генерации дознале што е добра музика, но и сите оние кoи едноставно знаат да ценат врвен музичар од негов калибар. Ако секоја средба со Брега е средба за паметење, овојпат се очекува концертот да биде посебно незаборавен и полн со емоции, бидејќи е славенички и јубилеен. Не ја пропуштајте оваа единствена можност за роденденска дружба со големата балканска ѕвезда!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.