Во петок на 5 јули 2024 година, на стадионот на АРМ во Градскиот Парк, со почеток во 21:00 часот, ќе имате инзвонредна можност да присуствувате на првиот голем “open air” соло концерт на реално најголемиот регионален млад бенд, Буч Кесиди во Македонија.
После распродадените концерти на Ташмајдан во Белград, Шалата во Загреб, Спенс во Нови Сад и 7 последователни концерти во Сакс во Загреб, со кои го потврдија статусот на моментално најголем млад бенд во регионот, после неколку фестивалски настапи во Скопје и низ Македонија, српското електро – рок дуо Буч Кесиди конечно доаѓа и во Скопје со голем соло концерт на отворено.
Гласна музика, џускање, еуфорија, светкави костими и заразни битови – со спојот на инди – рок и синт – поп како своевидна друштвена хроника на љубовниот живот на младите и адолесцентите, во 2019та година Буч Кесиди го освојуваат регионот и ги воспоставуваат сингловите ,,Нема љубави у клубу” и ,,Недеља ујутру” како химни на една цела генерација на млади во регионот. Останатото е историја.
Буч Кесиди се единствениот млад бенд кој успешно ги спои ,,андерграундот” и комерцијалното, со што станаа еден од најпотентните бендови во регионот.
Влезниците можете да ги набавите онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по следните цени и категории:
Партер – 700 денари
Фан пит – 900 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.