Ми причинува големо задоволство што и британската публика имаше можност да го проследи наградуваниот македонски документарен филм „Медена земја“, што се прикажа на Филмскиот фестивал за жени над 50 години во Лондон, (односно, WOFF) во црквата Сент Мери. За планираната проекција на филмот дискутирав со директорката на овој престижен лондонски фестивал Нула О’ Саливен, при мојата неодамнешна посета на Велика Британија, која ме информираше дека фестивалот има за цел да ги афирмира повозрасните жени на екранот и зад камерите“, во објава на Фејсбук вели министерката за култура Бисера костадиновска Стојчевска.
Жените во филмската кинематографија се силен глас кој ја истакнува културата на секоја држава, нагласува Костадиновска Стојчевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.