Ни еден од петмината актери кои ги глумеа главните ликови во „Пријатели“ покрај Метју Пери засега не испрати последен поздрав или порака во јавноста. Засега, само актерката Меги Вилер, која ја играше неговата девојка Џенис, на Инстаграм сподели сцена од серијата каде таа се смее со Чендлер Бинг, омилениот лик на серијата.

Каква загуба. На светот ќе му недостасуваш, Метју Пери. Радоста што им ја донесе на многумина во твојот прекраток живот ќе продолжи да живее. Се чувствувам благословена од секој креативен момент што го споделивме, рече таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.