Во солидарност со сите цивилни жртви на долгиот конфликт помеѓу Израел и Палестина, на 16ти ноември во Котур се организира хуманитарен настан на проекции на филмови. Целта на оваа проекција е да се сподели содржина која може да придонесе кон подигнување на свеста за самиот конфликт, но и од потребата за солидарност со цивилните жртви.

Селектираните филмови се добиени во согласност со нивните автори, кои ѝ самите гледаат на филмот како на платформа за солидарност и алатка за критичко промислување и градење на перспективи, кои одат преку преку доминантните сензационалистички наративи на медиумите.

На настанот ќе биде поставена продажна изложба каде ќе може да се купат дела од ликовните уметници од независниот уметнички колектив Кула. Собираните сретства ќе бидат  донирани во хуманитарни организации кои делуваат во појасот Газа.

Проекциите ќе започнат во 17 часот, влезот е на донација.

Филмовите ќе бидат проектирани во следниот редослед :

17 часот Нема време за славење (2018) од Руба Саламех и Фадва Наамна

Ова дело е иницијатива на кураторката Фадва Наамна и Руба Саламех, визуелна уметница. Документарниот филм е снимен во краток временски период, без буџет и опрема. Млади палестински уметници развиваат независни културни и уметнички центри во градот Хаифа, кој е познат по неговата помалку напната средина и коегзистенција меѓу Арапите и Евреите.  Стремежот за независност и борбата за слобода на изразување продолжува и во сенките на рестриктивната влада, која постојано промовира контрола врз уметничката продукција и фондовите за уметничка продукција.

18 часот Тивкиот протест. Ерусалем 1929 (2019) на Мухасен Насер-Елдин

Овој краткометражен филм на режисерката Мухасен Насер-Елдин ја раскажува приказната за денот 26 октомври 1929 година кога Палестинките го започнаа своето женско движење. Приближно 300 жени се собраа во Ерусалим од цела Палестина. Тие одржаа тивки демонстрации преку автомобилски конвој за да протестираат против пристрасноста на британскиот висок комесар против Арапите во бунтот Бурак.

18 : 30 Реколекција (2015) на Камал Алџафари

Филчмот Реколекција (2015) користи материјали од израелски и американски филмови од шеесеттите до деведесеттите години каде протагонистите се избришани од сликите, оставајќи го зад себе само празното опкружување на градот. Самото сеќавање снима и меморијата на целата позадина е зачувана од екранот.

20 часот Ова мора да е рајот (2019) на Елија Сулеиман

Елија Сулејман ни зборува за Палестина не како нешто што постои, туку како идна можност, гледајќи ги младите Палестинци кои танцуваат во ЛГБТ+ клуб во Хаифа. Критичкиот поглед на Елија Сулејман е насочен кон светот кој што станува се понеправичен и каде контролата врз телата и нивното движење не потсетува се повеќе и повеќе на палестинската ситуација.

22 часот  Законот во овие делови (2011) Раанан Александрович

Законот во овие делови е израелски документарен филм од 2011 година, режиран од Ра’анан Александрович, кој го изтражува судскиот систем управуван од израелските одбранбени сили на Вест Бенк, Палестина. Документарецот е поделен во пет поглавја и ја разгледува правната историја на израелската окупација на арапските територии. Александрович интервјуира голем број судии кои беа одговорни за извршување на наредбите на воените команданти.

 23 : 30 Три логични излези (2020) на Махди Флеифел

Во 3 логични излези, Махди Флејфел се враќа во кампот Аин Ел Хелве, палестински бегалски камп во Либан. Самиот уметник има палестински корени и го придружува Реда, кој живее сеуште таму, уште од неговото детство. Приказната на Реда е ставена во поширок контекст и функционира како претставување на бројни Палестинци чие постоење во Либан е безнадежна стагнација и чекање. Изгледа дека единствениот излез за младите е да се предадат на конзумација и продажбата на дрога, да се приклучат на некоја од бунтовничките фракции или да емигрираат – три логични излези – единствените стратегии за справување за живот обележан со експлоатација, дискриминација и расизам.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.