Во вторник во Музејот на железницата со почеток од 19.30 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Што е тоа жена“ на Мет Волш. Филмот чија премиера беше лани доживеа „втор живот“ откако пред неколку недели Илон Маск го сподели целосно на „Твитер“ и порача дека тоа е филм што секој родител мора да го изгледа.

Деновиве гледаме дека (транс)родовите активисти споделуваат текст од непозната авторка, во кој таа вели дека Мет ги смета за идиоти оние што нема да се сложат со неговиот став…Ги покануваме сите скопјани на проекцијата на филмот што ќе се одржи овој вторник (18 јули) со почеток во 19:30 ч. во Музејот на железницата, за да погледнете и оцените колку филмот е „манипулативен” и полн со „чисти лаги”. Веруваме во вашата способност самите да одлучите дали ќе се сложите со Мет или со непознатата критичарка, велат од Коалицијата за заштита на децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.