Филмот „Страста на Доден Буфан” во режија на Тран Ан Хунг е реализиран во француско-белгиска копродукција со актерите Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Сaленже и други. Филмот е номиниран за три награди „Цезар” во 2024 и е лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал во 2023 година.

Според критиките во француските медиуми, „Страста на Доден Буфан” е „создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливо готвење и свесната дегустација” напиша „Bande à part”, додека „France Info Culture” посочува дека „Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско”.

21 МАЈ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

ВКУСОТ НА ЉУБОВТА
(La Passion de Dodin Bouffant)
Игран филм, Франција
2024, 135 мин, ДЦП
Режија: Ан Хунг Тран (Anh Hung Tran)
Сценарио: Марсел Руф, Ан Хунг Тран (Marcel Rouff, Anh Hung Tran)
Улоги: Жилиет Бинош, Беноа Манжимел, Емануел Салинџер (Juliette Binoche, Benoit Magimel, Emmanuel Salinger)

Ненадминливата готвачка Ежини веќе дваесет години работи за познатиот гурман Доден. Како што минува времето, гастрономската пракса и меѓусебното восхитување прераснуваат во романтична врска. Нивната поврзаност создава јадења, повкусни од било кога, а кои ги збунуваат и најпознатите светски готвачи.
Сепак, Ежини ја сака својата слобода и не сака да се омажи за Доден, а тој одлучува да направи нешто што никогаш досега не го направил – тој да готви за неа.

Возрасна категорија: 13 години
Влезница: 150 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.