Американскиот глумец Вин Дизел е обвинет за сексуално вознемирување и создавање непријатна работна средина, во тужбата што ја поднесе негова поранешна помошничка.
Приватната тужба е поднесена во Врховниот суд во Лос Анџелес. Станува збор за наводен инцидент од 2010 година, кога, како што тврди асистентката Аста Јохансон, Дизел ја „удрил во хотелски апартман, и мастурбирал пред неа“, пренесува Си-ен-ен.
Јохансон ги тужи Дизел, неговата компанија „Уан рејс продакшнс“ и сестрата на глумецот – Саманта Винсент, за сексуално вознемирување, мобинг, несовесен надзор и незаконско раскинување договор. Бараната отштета е 10.000 долари за секое наводно прекршување на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.