Германскиот филмски автор Вим Вендерс ќе ја добие наградата за животно дело на 37. доделување на Европски филмски награди што ќе се одржи на 7 декември во Луцерн, Швајцарија.

„Со оваа награда го славиме извонредниот опус на работа на Вим Вендерс кој продолжува да истражува и експериментира со своето љубопитно око и отворен ум. Како еден од основачите на Европската филмска академија, чиј извршен директор беше од 1990 и 1995 година и претседател до 2020 година, Вендерс има цврста конекција со нашата академија и нѐ прави дополнително среќни што ја славиме неговата извонредна посветеност и му благодариме“, изјави Матијс Воутер Кнол, извршениот директор на Европската филмска академија.

Вендерс, препознаен по движењето на новата германска кинематографија низ годините има добиено награди на Канскиот, Венецискиот и Берлинскиот филмска фестивал како и награда од Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА) и три номинации за Оскар.

Меѓу неговите филмови се „Алиса во градовите“, „Погрешниот потег“, „Кралевите на патот“, „Парис, Тексас“ со кој ја доби наградата за најдобар режисер на БАФТА и Златната палма во Кан, „Крилја на желбата“ со кој ја освои наградата за најдобар режисер на Канскиот фестивал и неговиот најнов филм „Совршени денови“ со кој беше номиниран за најдобар интернационален филм на Оскарите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.