На доделувањето на Оскарите се случи инцидент, кога комичарот Крис Рок ја коментираше Џејда Пинкет-Смит, сопругата на Вил Смит. Тој пак, веднаш потоа отиде до сцената и му удри шлаканица на својот колега. – Не ја спомнувај жена ми со твојата еб**а уста!, извика Смит.
Од она што требаше да излезе шега, за Вил Смит беше навреда кога колегата Крис Рок му рече дека неговата сопруга Џејда може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел зошто нема коса, па стана и му удри шлаканица на сцената.
„Џејдa, едвај го чекам вториот дел од тој филм“, рече Крис, а актерката ги преврте очите.
Кавгата продолжи и со пцовки од страна на Вил Смит, на што публиката остана шокирана, мислејќи отпрвин дека се работи за шега, но кога Вил Смит почна гласно да го пцуе Крис Рок, на сите им стана јасно дека малку недостасувало да дојде и до физичка пресметка на сцената.
Снимката брзо стана вирална, зошто никој не очекуваше ваков испад на актерот и немаа време да реагираат на пцовките кои за првпат се слушнаа на Оскарите без цензура.
Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џада која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција од која ја загубила косата за само еден ден, а потоа воопшто не и порасанла и за тоа нема лек.
Вил Смит пак, кусо потоа го доби одличјето за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“, па во говорот, со солзи, сепак говореше за љубовта меѓу луѓето – особено меѓу својот народ. Тој притоа напомна и дека по своевидниот скандал, глумецот Дензел Вашингтон го повикал и го потсетил да се смири, оти „во најважните мигови ѓаволот доаѓа по своето“, како што му рекол дека обично се случува.
Брачната двојка Смит подолго време е во незавидни односи со Крис Рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.