Денес на репертоарот на Скопје Синема Сити е ревија на полски музички документарни филмови односно „Земја во фокус: Полска“. По таа пригода, фестивалот му додели награда за животно дело на полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер и ќе бидат прикажани два документарни филмови на полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович кој е и гостин на фестивалот.

Со почеток од 20.15 часот ќе бидат прикажани: „Friends on 33rpm” и „Stanislav Syrewicz“. Меѓу овие 2 филма ќе има и разговор со Брзозович. Овој блок филмови и гостувањето е со покровителство на Амбасадата на Полска.

Филмот на Брзозович, за композиторот Станислав Сиревич не е само приказна за кариерата на еден извонреден уметник туку е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и наспроти тешките околности да успее да твори.

Со почеток од 20:15 часот ќе биде прикажан филмот „Пријатели на 33 вртежи“ кој ја раскажува приказната за необичното пријателство меѓу двајца графички дизајнери Рослав Сајбо и Станислав Загорски кое траело преку 60 години. Почетна точка за овој филм е изложба на повеќе од 50 корици за винили и разговорот на овие двајца уметници за годините поминати на студии на Академијата за фини уметности во Варшава, Полското школо за постери и нивните соработки со уметници како Кшиштов Комеда, Velvet Underground, Cream, The Clash, Пол Сајмон и Арт Гарфанкел.

Од 22.00 часот, ќе биде прикажан филмот за композиторот Станислав Сиревич, кој јa раскажува приказнатa за кариерата на Станислав Сиревич, извонреден филмски композитор чие творештво е малку познато во Полска. Роден е во советски логор, на 9-годишна возраст е прогласен за клавирско чудо, но по завршувањето на музичката академија го напушта концертирањето. Започнува студии на отсекот режија на театарската школа во Варшава и компонира. Воениот пуч на 13 декември 1981 година го затекнува во Париз. За време на егзилот, соработува со Џо Кокер, Мариен Феитфул, глумицата Дајан Китон и бендот The Rolling Stones. Истовремено компонира музика за преку сто филмови во Франција, Велика Британија и САД. Сиревич соработува и со полски режисери.

Во 1994 година Едита Горњак го освојува второто место на Евровизијата со неговата песна, а една година пред тоа, Сиревич ја добива престижната награда Ace Award.

Еден ден после гала вечерта треба да започне преговори за работа во Холивуд, но ноќта, во Лос Анџелес, се случува силен земетрес и тој се враќа во Лондон, каде што го започнува најплодниот уметнички период во кариерата. На премиерите на филмовите со неговата музика присуствувале принцот Чарлс, принцезата Дајана и кралицата Елизабета II. Неговите плочи се издаваат ширум светот, а саундтракот за серија стигнува до третото место меѓу најпопуларните изданија во Велика Британија. Филмот на Брзозович не е само приказна за кариерата на извонреден уметник туку е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и наспроти тешките околности да успее да твори.

Сите проекции на Скопје Синема Сити се случуваат во Кинотека на Македонија. Помеѓу овие два филма, гостинот Брзозович ќе има разговор со публиката. Главен покровител на оваа вечер е амбасадата на Полска во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.