Во вторник на 4 јуни 2024 година во Волонтерскиот Центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да присуствувате на вечер на италијанскиот филм.

Деновите стануваат подолги и сакаме да сме надвор што е можно повеќе, но, сепак, сакаме и да гледаме филмови. Супер, најдовме совршена комбинација: кино на отворено, а на програмата – италијански филм.

 

Ќе слушаме италијански јазик, ама ќе можеме и да разбереме, бидејќи филмот ќе има превод на англиски јазик, се вели во објавата на Волонтерски Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.