Тричасовниот еп за правењето на најубиственото оружје во историјата на човештвото – атомската бомба на самиот крај од Втората светска војна, со седумте награди стана големиот победник на доделувањето на наградите на Британската академија за филмски и телевизиска уметност, „БАФТА“. ,Синоќешниот настан го водеше актерот Дејвид Тенант.

„Опенхајмер“, еден од филмовите со најголема заработка во минатата 2023 година ја освои главната награда на вечерта – наградата за најдобар филм. Исто така, го освои наградите за главна машка улога за Килијан Марфи, за споредна машка улога Роберт Дауни Џуниор, за монтажа, за камера, оригинална музика и режија за Кристофер Нолан.

Ема Стоун ја освои наградата за најдобра главна женска улога за готичката комедија „Клетници“, која освои вкупно пет награди.

Да’Вин Џој Рандолф ја освои наградата за најдобра женска споредна актерка во „The Holdovers“, комедија чиешто дејство е сместено во машки интернат.

„Анатомија на падот“ ја освои првата награда на вечерта, онаа за оригинално сценарио.

„Зона на интерес“, воено-криминалистички филм за командантот на Аушвиц и неговото семејство коешто живее во близина на германскиот нацистички логор на смртта, ја освои специјалната награда за британски филм.

Наградата за најдобар документарен филм ја доби филмот „20 дена во Мариупол“, личен приказ на новинарот Мстислав Чернов за опсадата на украинскиот град.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.