ХРВАТСКИОТ актер Златко Буриќ е прогласен за најдобар актер во Европа. Наградата ја додели Европската филмска академија, а Буриќ го доби европскиот Оскар за улогата во филмот Триаголник на тагата.
Триаголникот на тагата ја доби и наградата за најдобар европски филм. Режисер е Рубен Остлунд, а 69-годишниот Буриќ стана првиот хрватски актер кој ја добил престижната награда. Инаку, Триаголник на тагата ја освои Златната палма претходно во Кан.
Морам да им се заблагодарам на сите мои пријатели, дури и кога глумевме во театри и филмови во Југославија, секогаш верував во колективната работа“, изјави Буриќ на доделувањето на наградата и му се заблагодари на семејството, пренесуваат странските медиуми.
Од локалните актери досега за европскиот Оскар се номинирани Горан Богдан и Зринка Цвитешиќ.
Црна комедија со Вуди Харелсон
Триаголникот на тагата е црна комедија во која Харелсон го глуми капетанот на луксузна јахта на која случајно е славна двојка од светот на модата, моделите Карл и Јаја (Харис Дикинсон и Чарлби Дин). По една несреќа, парот се наоѓа на пуст остров со група милијардери и чистачка, која е единствената која знае да лови риба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.