Во интернационалната категорија за долгометражен филм на 9.издание на филмскиот фестивал „Балкан панорама“ наградата за најдобар филм ја понесе филмот на Иво Трајков “Piargy”, (македонскиот наслов на филмот е „Некрстени денови“), а Трајков беше прогласен и за најдобар режисер. Јудит Бардош се закити со наградата за најдобра актерка.

Најновото остварување на Трајков, впечатливото кинематографско дело работено во црно-бела техника, кое веќе освои преку осумдесет меѓународни филмски награди, а критиката го опишува како исклучително дело, ја воодушеви публиката, но и жирито на Турскиот фестивал.За музиката во филмот беше задолжен Кирил Џајковски. Филмот е во словачко-македонско-чешка копродукција. Признанијата ги подигна продуцентката на филмот Силвија Панакова, а и ги предаде директорот на фестивалот Сали Салини.

Покрај филмот на Трајков во главната натпреварувачка категорија за интернационални филмови беше и „Кајмак“ на Манчевски.  За наградата „Дарио Морено “се натпреваруваа: филмот на Кристијан Ристески „Снежана на крајот умира“, „Мими“ на Даријан Пејовски. Во категоријата за кратки филмови беше македонскиот филм на Гоце Трајковски  „Досие иднина“. Специјални проекции имаа: филмот на Јани Бојаџи „Кино љубов“,„Те дуа жими мене“ на Марјан Гавриловски и „Иглата-мојата тајна градина“на Мерита Сали.  Во категоријата за краток филм проекции имаа: филмот на Лидија Мојсовска „ Само ѓаволот ја мрази водата“, „Шеќерни луѓе“ на Сузана Диневски.

На 9.издание беа прикажани над 150 филмови, а селектираните филмови беа од неколку земји и тоа: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија,Црна Гора, Косово, Македонија, Унгарија, Молдавија, Романија, Србија,Словенија, Турција и Грција.

Во чест на македонската кинематографија на 9 -тото издание на фестивалот прустините ќе се потсетат на: „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „Војната е готова“, „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „Џган“, „Медена земја“, „Сестри“, „Незабравна пролет во заборавеното село“. Балкан панорама се одржуваше од 19- ти  до 25- јануари.

извор: culturalchat.org/mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.