Краткиот филм „Центроид“, кој премиерно беше прикажан пред еден месец во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ниже награди по светските фестивали. Последно, од филмски фестивал од Њу Делхи се врати со три награди, за најдобро сценарио, најдобра камера и најдобра монтажа.
Режија и сценарио на Бранко Стојаноски
Камера: Дино Нечевски
Монтажа: Виктор Гаврилоски
Продукција: Мистер Кет Ентертејнмент
Центроид означува средна точка на триаголник, а филмот прикажува три приказни кои се вкрстуваат на едно планинско место кое ги променува нивните животи, засекогаш.
Идејата за краткиот филм ,,Центроид” е од пред неколку години, а додека инспирација е сонот како секојдевна појава.
Филмот започна со снимање март 2022 година, а целосно со постпродукција се завши во август.
Вториот проект на продукцијата “Мистер кет Ентертаинмент”, по документарниот филм “Прикаска за Кичево” од 2016 година, има 5 селекции и 3 награди на филмски фестивали во Лондон, Лос Анџелес, Боден (Шведска), Каиро и Њу Делхи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.