Филмот со најмногу приходи на американскиот „Боксофис“ за годинава е „Топ ган 2: Маверик”. Продолжението на класиката на режисерот Тони Скот од 1986 година, заработи 718,5 милиони долари во САД вкупно 1,489 милијарди долари во светски рамки.
Том Круз, според познавачите, е еден од последните „секс-симболи“ од „старата школа на Холивуд“ и „боксофис-мајстор“. Тоа, велат стручњаците, е главна причина за огромниот успех на вториот дел, заедно со фактот дека публиката е секогаш гладна за добра, старомодна, акција.
Филмот, инаку, ја престигна и последната „Невозможна мисија“ на Том Круз од 2018. и стана филм со најголема заработка со овој глумец воопшто.
Оценката на Семрежната филмска база на податоци – ИМДБ, за овој филм, е 8,4 / 10. На интернет страницата „Ротен томатос“, пак, го препорачуваат 99 отсто од гледачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.