Актерот Том Круз на своите пријатели им праќа (не)обичен подарок секој Божиќ. Актерката Коби Смолдерс, најпозната по улогата на Робин во „Како ја запознав мајка ви“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон и зборуваше за божиќните празници.
Посебен интерес кај публиката предизвика нејзиниот ентузијазам за подарокот што Том Круз и го испраќа секоја година за Божиќ. Имено, тие двајца го снимија филмот „Џек Ричер“ во 2016 година и оттогаш се во добри односи. Таа откри дека оттогаш актерот секоја година и праќа торта.
Тоа е торта од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е превкусна. Ја чувам во замрзнувач и трае до март затоа што секој пат земам само мало парченце. Не знам зошто, не сум дури и љубител на слатки, но ова е одлично“, изјави актерката.
Том Круз еднаш откри дека испраќа торта на широк список на познаници за празниците и изнесе малку чудна причина за тоа.
Сакам слатки, но ги избегнувам поради тренинзите и подготовките што ги поминувам за филмови. Затоа им ги испраќам на сите“, рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.