Тамара Котевска по светската премиера на „The Walk“ на 14. издание DOC NYC – најголемиот фестивал за документарни филмови во САД.

Се надевам дека овој филм ќе продолжи да создава непријатност во западните општества и ќе биде гласот на сите оние кои во моментов умираат неможејќи да ги искажат своите страдања пред светот.

Светската премиера на The Walk во Њујорк – град создаден од бегалци, беше највистинското место овој настан да се случи. Горда сум што овој филм и создаде вистинска непријатност на западната публика (особено жестоко изреагираа италијанските новинари поради контроверзната сцена кај Папата) а пак Сириската публика го прими овој филм со огромна гордост и искрени солзи во очите, бидејќи пред се нив им беше посветен.

На крајот од премиерата ја потсетивме публиката дека повеќето локации во овој филм (Газиантеп и Хатај на турско-сириската граница како и кампот Јенин во Палестина веќе не постојат и после само 2 години од снимањето, филмот сега е архива).

Се надевам дека овој филм ќе продолжи да создава непријатност во западните општества и ќе биде гласот на сите оние кои во моментов умираат неможејќи да ги искажат своите страдања пред светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.