Во понеделник 10 јуни 2024 година, во рамките на првото издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, ќе може да уживате во Соул Вечер.
Настанот ќе се одржи во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ со почеток во 20:00 часот.
Настанот посветен на соул-музиката ќе почне со документарен филм за почетоците на овој музички правец. Во продолжение, Дарко Марковски, кој повеќе од 30 години е препознатлив диџеј, радиоводител, продуцент и промотор, ќе понуди суптилен микс од соул, класични џез-мелодии, преку занесен грув претопен со популарни, но и алтернативни соул-вокали. На моменти музика за танцување со помош на диско-линии од седумдесеттите и фанк-ерата, а на моменти и современ трип-хоп бит. Еклектичен микс на музички стилови што секогаш ги дополнуваат плеј-листите на влијателните џез радиопрограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.