РЕТРОСПЕКТИВАТА НА СЛОВАЧКИОТ КЛАСИЧЕН ФИЛМ е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија, како словачката. Како што кажува и името на ретроспективата, тоа е селекција на класици на словачката кинематографија од периодот на комунистичка Чехословачка. Станува збор за филмови кои се репрезентативни за развојот на словачкото кино, кои оставиле огромно влијание врз современите словачки филмски автори или се стекнале со култен статус. Оваа ретроспектива е разновидна и возбудлива селекција на филмски лектири. Вклучува филмови од различни видови и жанрови (играни, документарни, анимирани и кратки филмови).

Ревијата е организирана со помош на  Словачкиот Филмски Институт и  Словачката амбсада во Скопје.

29 МАРТ (ПЕТОК) 20:00 ч.

(ДЕНОВИ НА СЛОВАЧКИ ФИЛМ)

ДВА ДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ

(Dvaja dobrí kamaráti/Two Good Friends)

Анимација, Чехословачка

1972, 8 мин., колор , ДЦП

Режија: Виктор Кубал (Viktor Kubal)

Сценарио: Виктор Кубал (Viktor Kubal)

Дивиот Запад. Златна треска. Двајца добри пријатели. Еден од нив наоѓа огромно златно јајце во потокот. Го дава на својот придружник, но тој не сака. Другиот наоѓа уште повеќе злато. Што да се прави со толку богатство? Вистинскиот пријател вреди повеќе од злато.

НОЌНИ ЈАВАЧИ

(Noční jazdci/Night Riders)

Игран филм, Чехословачка

1981, 91 мин., колор, ДЦП

Режија: Мартин Холи (Martin Hollý)

Сценарио: Тибот Вихта (Tibor Vichta)

Улоги: Радослав Брзобохати, Михал Дочоломански, Соња Валентова (Radoslav Brzobohatý, Michal

Dočolomanský, Soňa Valentová)

НОЌНИ ЈАВАЧИ е филм од 1982 година на искусниот словачки режисер Мартин Холи.  Тоа е своевиден вестерн, авантуристички спектакл кој се случува во Чехословачка непосредно по Првата светска војна.

Филмот раскажува за Едо Халва и Марек Орбан, двајца бивши војници кои се  бореа за истите идеали за слобода во Првата светска војна. Да се сретнале во рововите, сега ќе беа пријатели. По војната, Едо се приклучува на полицијата на новоформираната Чехословачка република за да ги заштити нејзините закони и да го одржува редот. Марек, пак, се враќа во своето село за да обезбеди подобар живот за сите свои соседи, со план за кој се потребни пари. Многу пари. Секоја вечер ја минува границата шверцувајќи коњи. Во текот на денот, двајцата мажи се почитуваат. Ноќе пукаат да убијат без око да им трепне. Едниот носи униформа, другиот е одметник. Секој од нив се бори во име на својата вистина.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.