Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „ Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „ Браќа Манаки“, вечерва во 20 часот ќе ја има и скопската премиера во киното „Синеплекс“. Филмот, кој е по сценарио на Александар Русјаков, ќе се прикажува и во „Милениум“, како и во други кина низ Македонија, како што се „Киноверзум“ во Штип и Велес.

Главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска.

Работен е како македонско–српска копродукција, со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, копродуценти се и „Дрим фектори Македонија“, како и српската „Терирем“. Филмот е подржан од Агенцијата за филм на Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.