Скаут Вилис, ќерка на актерот Брус Вилис и Деми Мур, сподели фотографии од минатата година со својот татко кој боледува од деменција, како и фотографии од други членови на семејството.

Скаут (32), на 31 декември објави сет фотографии од 2023 година на Инстаграм. На една фотографија лежи потпрена на градите на својот татко Брус Вилис, а се гледаат неговите тетоважи посветени на ќерките Мабел и Евелин, кои ги има со втората сопруга Ема Хеминг Вилис. Исто така, во овој албум има многу спонтани фотографии како и нејзиното одење на црвениот тепих со нејзината мајка Деми Мур.

Покрај тоа, Скаут веќе претходно сподели моменти од Брус Вилис како поминува време околу Денот на благодарноста во 2023 година, кога на својот инстаграм-профил сподели видео од нив двајца како се држат за раце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.