Славниот Арнолд Шварценегер глумеше во култни филмови, а најпознат е по улогите во холивудските блокбастери како „Конан Варваринот“, „Терминатор“ и „Предатор“.

Меѓутоа, во својата голема кариера познатиот актер ги има и оние улоги кои би сакал да ги избрише доколку може. Како најлоша улога во животот, Шварценегер ја издвоил онаа во филмот „Последниот акционен херој“ од 1993 година, каде што го играше детективот Џек Слејтер. Актерот изјавил дека поради неуспехот што го доживеал не сакал никого да види една недела.

“Не можам да ви опишам колку бев лут. Боли, моите чувства беа повредени. Толку ми беше непријатно што не сакав да видам никого цела недела”, откри актерот во документарниот филм “Арнолд”.

Овој филм покрај разочарувачката заработка доби и лоши критики. Варајети тогаш објави дека се работи за „филм без радост и душа“. Сепак, 30 години по објавувањето, овој филм се смета за едно од најпотценетите достигнувања на Шварценегер.

Инаку, една од најлошите изведби на актерот се смета за улогата на господинот Ајс (д-р Виктор Физ) во филмот „Бетмен и Робин“, што му донесе номинација за најлоша споредна машка улога. Исто така, актерот неволно се сеќава на улогата на труден маж во „Јуниор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.