Актерот Шон Пен (64) е виден во Мадрид како се забавува со 40 години помладата актерка Валерија Ницова.
Две години по разводот со австралиската актерка Лејла Џорџ, која 32 години помлада од него, актерот е снимен како шета низ градот со млада актерка од Молдавија, а парот во еден момент страствено се бакнувал, пишува „Page Six“.
Како што пишува таблоидот, не се знае дали Шон и Валерија официјално се во врска, колку долго се заедно, ниту точно колку години има Ницова, но се проценува дека има околу 20 години.
Актерот зад себе веќе има три пропаднати брака. Тој беше во брак со Мадона од 1985 до 1989 година, а потоа се ожени со Робин Рајт во 1996 година, од која се раздели во 2010. Пен се раздели од австралиската актерка Лејла Џорџ, 32 години помлада од него, по една година брак.
Потоа, тој беше виден во врска со украинската актерка Олга Короткова, 19 години помлада од него, а потоа и австралиската актерка Натали Кели, 24 години помлада од него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.