Семејството на Брус Вилис ги растажи неговите фанови со најновата вест за актерот, кои известија дека неговата болест забрзано напредува.
„Брус има добри и лоши денови, но во последните два месеци имаше многу повеќе лоши денови отколку добри“, изјави извор за Us Weekly.
„Моето чувство е дека тој знае кој сум јас само во првите три минути од разговорот. Тој веќе не зборува, порано беше страствен читател, но сега се откажа. Сите тие јазични вештини повеќе не му се достапни. Кога сте со него, знаете дека тој е Брус и сте благодарни што е таму, но повеќе нема радост во него“, додаде тој.
Дека уживаат со него колку што можат, покажаа неговите женски членови на семејството, ќерката Румер и сопругата Ема Хеминг, кои по повод Денот на благодарноста ја споделија својата фотографија на која позираше целото семејство Вилис.
Во март оваа година, семејството на Брус објави дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД), невообичаена форма на деменција која предизвикува влошување на однесувањето, личноста и говорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.