Иако нема да има соработка меѓу продуцентската куќа HBO и актерот Милош Биковиќ во третата сезона на серијата „Белиот лотос“, потврдено е дека актерот за ова ќе добие паричен надомест.
од друга страна, актерот решил целата сума што ќе му ја плати HBO да ја насочи во хуманитарни цели, за да им помогне на младите да се образуваат и професионално да се усовршат.

– Како што кажав и претходно, ми беше голема чест што бев поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мотивот за учество во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи нема да се реализира, хонорарот што би го заработил сакам да го насочам кон оние што утре ќе не претставуваат во светот – потврди Биковиќ за Блиц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.