Актерката Сара Џесика Паркер (58) е најпозната по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, а сега ја гледаме и во продолжението „Just like that“.
На многумина им пречеше тоа што продолжението на серијата доби потажен тон, а ова го коментираше и актерката.
Минатата сезона имаше многу сериозни приказни кои беа важни за раскажување бидејќи темите се реални и вистинити. Да, понекогаш дури и најсреќните луѓе минуваат низ крајно несреќни фази од животот – изјави Паркер.
Некои го коментираа нејзиниот изглед, но и изгледот на останатите актерки, а Сара изјави дека не се замарала за тоа.
Искрено, воопшто не размислувам за стареењето додека некој не ме праша што мислам за стареењето. Ова прашање за нашата возраст и стареење стана таков феномен. За мене е невообичаено бидејќи не гледам дека овие прашања им се поставуваат на мажите. Многу е чудно – изјавила актерката за Глорија.
Моето тело многу добро ме служеше сите овие години. Бев танчерка долги години и отсекогаш сум била многу физички активна актерка. Мојот активен живот на екранот понекогаш е исто толку важен како и зборовите што ги кажувам. Дали моите стапала ги чувствуваат ефектите од трчањето на потпетици во последните 25 години? Апсолутно – рече таа.
Инаку, втората сезона на серијата „Just like that“ ќе излезе на 22 јуни, а во неа ќе се појави и Ким Катрал (66).
Катрал тајно ја снимила сцената откако претходно тврдела дека никогаш нема да се врати во улогата на Саманта Џонс. Според Дејли Мејл, во сцената ќе ја видиме Сара Џесика која ја глуми Кери како разговара со Саманта на телефон.
Сара, која долги години не е во добри односи со Ким, го коментираше враќањето на Саманта
Навистина размислувавме за начините на кои им приоѓавме на ликовите кои не беа присутни, за начините на кои ги поканивме актерите назад – рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.