Салата во Кинотеката на Македонија синоќа беше претесна да ги собере големиот број посетители кои дојдоа на отворањето на циклус проекции на грчки филмови со наслов „Запознавање/Getting to know each other”, во организација на Амбасадата на Грција во Македонија и Кинотека.

Целта на проекциите е да се претстават современите грчки филмови, рече меѓу другото амбасадорката на Грција, Софија Филипиду која ги поздрави присутните и им се заблагодари на соработката на директорот на Кинотеката Бошко Грујоски и филмологот Бојан Станишиќ кои помогнале во реализацијата на овој проект.

Циклусот на проекции „Запознавање“ започнa со филмски tour de force, со извонредна фотографија и актерски изведби, „Мала Англија“ на Панделис Вулгарис, еден од најистакнатите грчки режисери, кој заедно со покојниот Теодорос Ангелопулос, беа главните претставници на движењето на Новото грчко кино, кое стана светски познато во седумдесеттите години.

Филмот „Мала Англија“ е една романтична драма, која се одвива во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години на прекрасниот островот Андрос, наречен Мала Англија поради финансиската моќ на неговите жители. Филмот е адаптација на истоимениот бестселер на истакнатата грчка писателка Јоана Каристианис и од комерцијален, но и од  уметнички  аспект постигна голем успех. Филмот доби 6 признанија од Грчката Филмска Академија и награда за најдобар филм на 17. Меѓународен Филмски Фестивал во Шангај, рече Клери Колтсида, одговорна за односи со јавноста во Грчката амбасада во Македонија, и им посака на присутните



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.