Што би се случило доколку се остварат сите ваши лаги? Не можам да зборувам, имам огромна поплава, мора да ми вадат крв на доктор, сите жени се заљубени во мене, сето тоа е низа лаги изнесени од Жером во новиот филм што ќе излезе во домашните кина оваа есен – „Роден Лажго“ (Natural Born Liar / Menteur), но колку лаги се премногу лаги?
Урнебесниот филм на режисерот Оливие Боро, познат по своите комедии, и уште повештиот комичар Тарек Будали, публиката може да ги види на големото платно од 20 октомври. Триесет и петгодишниот Џером работи како продавач на јахти во Ница, но колку повеќе луѓето поминуваат време со него, толку повеќе ги откриваат неговите различни афинитети: тој е астронаут, шампион во карате и близок пријател на Мис Универзум. Џером е всушност компулсивен лажго. Еден ден се буди и сфаќа дека сите лаги се оствариле и тогаш почнуваат неволјите.
Инаку, филмот е римејк на оригиналниот наслов „Menteur“ од 2019 година, бидејќи постигна огромен успех и го поттикна режисерот Оливие Боро, познат по комедии да сними нов филм со малку поинакво сценарио, но во ист дух – француска комедија. Во пресрет на дождливата есен, филмот „Роден лажго“ низ сивите облаци претставува вистинско сонце, за да може барем за кратко да ни ги разубави и да ги опушти училишните и работните обврски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.