Грета Гервиг, актерка и режисерка на филмот „Барби“, ќе биде претседател на жирито на Канскиот фестивал во 2024 година, јавуваат светските медиуми, цитира Стандард лајф.
„Барби“ заработи 1,4 милијарди на глобалниот бокс офис и девет номинации за Златен глобус.
Грета Гервиг веќе беше во Кан со нејзиниот партнер Ноа Баумбах во 2017 година, на премиерата на неговиот филм „Приказните на Мејеровиц“, но никогаш самата не го претстави филмот.
Имаше преговори и „Барби“ да се емитува на годинешниот Кански фестивал, но тајмингот воопшто не се вклопуваше.
Овој филм на Ворнер Брос. беше објавен на 19 јули и стана огромен хит и филм со најголема заработка на годината зад нас.
Покрај тоа што ќе има најмногу номинации за Златните глобуси, се верува дека ќе заработи и неколку номинации за Оскарите, каде што многумина му предвидуваат успех.
Претседател на Канскиот филмски фестивал 2023 година беше Рубен Естлунд, а Гервиг ќе биде првата жена режисерка на оваа функција на фестивалот.
Првата жена претседател на жирито беше Оливија де Хевиланд во 1965 година, а за споменување е и Џејн Кемпион, која ја имаше оваа улога во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.