Актерката Рене Зелвегер (54) се сврши со британскиот водител Ант Анстед (44), пишува Daily Mail. Според извори, тие веќе планираат скромна венчавка.

Рене и Ант ги држат своите планови во голема тајност, не планираат да објават ништо грандиозно. Свадбата ја спомнаа само на најблискиот круг на пријатели, церемонијата ќе биде многу скромна – изјавиле за The Sun извори блиски на парот.

Веста за веридбата ги израдува фановите на актерката по улогата во филмовите за Бриџит Џонс.

Бриџит конечно најде љубов – пишуваат сега многумина на социјалните мрежи.

Инаку, Анстед веќе двапати беше во брак, а во текот на тие години стана и татко.. Со сопругата Луиз ја доби ќерката Амелија и синот Арчи, а со американската водителка Кристина Хол во 2019 година го доби синот Хадсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fresh Partners (@fresh_partners)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.