Филип Херин и Јане Алтипармаков во кафе ,,Буква” за гости ќе ги имаат колегите режисери со кои преку проекции на студентски кратки играни и документарни форми ќе пробаат да навлезат во светот на македонските филмски автори.
Рани трудови е проект за промоција на филмските режисери од Македонија.
Сезоната есен-зима 2024/25, Филип Херин и Јане Алтипармаков во кафе ,,Буква” за гости ќе ги имаат колегите режисери со кои преку проекции на студентски кратки играни и документарни форми ќе пробаат да навлезат во светот на македонските филмски автори, а на пошироката публиката да и ги демистифицираат естетските и етичките пристапи кон филмот преку биографијата на соговорниците.
Првата синесеанса Јане и Филип ќе ја отворат демистифицирајќи се самите себе со проекција на нивните студентски кратки филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.