Документарниот филм на новинарот Шенол Мемиш за неговиот пенизониран колега и писател Димче Миновски ќе биде промовиран вечер (19:30 часот) во киното „Манаки“ во Битола, во рамки на Битолското културно лето – „Битфест“.
Филмот, кој е проект на Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“, е со времетраење од 72 минути и е снимен на повеќе локации низ Битола.
Димче Миновски е пензиониран новинар од Радио Битола и писател на 30 книги повеќето од областа спорт. Минатата година ја освои наградата за животно дело „4 Ноември“ од општината Битола. Бил дописник на повеќе редакции од поранешните ју-простори. Реализирал над 3000 радио преноси во сите спортови за Радио Скопје и МТВ, како и за матичната Радио Битола.
– Во филмот за Димче Миновски евоцираат спомени повеќе спортски работници и новинари, објаснува авторот на филмот Шенол Мемиш.
Ова прв филм на Мемиш, кој досега работел во повеќе електроски и печатени медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.