Програмата за првиот месец од годината кинотека како по обичај ја фокусира на најмладата генерација. Тоа не значи дека ќе бидат игнорирани повозрасните љубители на филмот. Кинотеката го има тоа како обврска и се реши за филмови од различни кинематографии, различни содржини, перцепции. Прв стартува ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ. Актуелниот филм на Горан Столевски, нашинец со адреса на живеење во Австралија, се закитува со позитивни рецензии и со присутност на филмските фестивали. ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ ќе може да се гледа неколку пати во текот на месецот. Гледачите ќе имаат можност да видат и една копродукција, македонско-грчко-германска, насловена ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО. Месечнава програма се заокружува со проекцијата на новиот игран филм на Вардан Тозија,кој ќе биде гостин на Кинотеката после проекцијата на филмот М.
Има што да се види, има што да се раскажува, има што да се запомни. Тоа е програмата на кинотека за јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.