Во Кинотека на Македонија продолжува ревијата на романски филмови. Денес, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го погледнете документарниот филм „Арсение. Неверојатниот задгробен живот“.

Арсение Бока е свештеник, теолог и мистик прогонуван од комунистичкиот режим, кој живеел од 1910 до 1989 годинa. Неговиот поглед ги хипнотизира масите и многумина го сметаат за светец. Бока станува многу профитабилен бренд и е на пат да биде прогласен за светец од страна на Романската православна црква.

Следејќи ги стапките на отец Арсение, тргнуваме на измислен аџилак што нè води – со хумор и фантазија – низ нашата сегашна конфузија и глобални стравови. Следува патување со автобус што застанува на различни места што се појавувале во животот на овој „речиси“ светец. За време на патувањето „аџиите“ зборуваат за тоа што значи Бока за нив. Читаат извадоци од досието што романската тајна служба го правела за монахот во текот на децении и прикажуваат сцени од неговиот живот. Од овој спој на фикција и факти произлегува слика на еден лик кој е далеку од светец (и покрај тоа, верниците во групата остануваат непоколебливи од фактите) и е погодна за експлоатација, како комерцијална така и политичка.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

АРСЕНИЕ. НЕВЕРОЈАТНИОТ ЗАДГРОБЕН ЖИВОТ

(Arsenie. Viața de apoi / Arsenie. An Amazing Afterlife)

Документарен филм, Романија

2023, 96 мин., колор, ДЦП

Режија: Александру Соломон (Alexandru Solomon)

Сценарио: Александру Соломон (Alexandru Solomon)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.