Во Градскиот парк во Гостивар, денес со почеток во 20:00 часот, а по повод одбележувањето на денот на независноста на Македонија, ќе се одржи проекција на отворено на која ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Те дуа, жими мене“.

Со овој настан започнува културната офанзива во овој град, со бројни културни настани од ваков вид.

 

„Те дуа, жими мене“ во режија на Марјан Гавриловски е урнебесна комедија која воедно е најгледаниот македонски филм за 2023 година, воедно и најгледаниот филм во историјата на Синеплекс во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.