Вечерва, со почеток од 20:00 часот во Кинотека на Македонија – проекција на „Убиј ги прво децата“, на Димитар Оровчанец. Овој филм, го носи македонското кино на едно сосема ново ниво на експресивност. Сцените исполнети со суровост, црн хумор и социјални коментари даваат остра критика на современите општествени случувања и го отвораат прашањето за моралноста и насилството како средство за преживување.. По проекцијата ќе следи разговор со режисерот: Димитар Оровчанец, и актерката: Миа Жиро. Разговорот ќе го води филмскиот работник и критичар Јане Алтипармаков.
„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА
(Kill the Children first)
Игран филм, Македонија
2024, 106 мин., колор, ДЦП
Режисер: Димитар Оровчанец (Dimitar Orovchanec)
Сценарио: Димитар Оровчанец, Александар Русјаков (Dimitar Orovchanec, Aleksandar Rusjakov)
Улоги: Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски, Стефан Спасов (Mia Giraud, Martin Gjorgoski, Stefan Spasov)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.