Вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот ќе биде прикажан најновото филмско остварување на македонскиот режисер Гоце Цветановски, играниот филм „Бизнисот на задоволството“.
Опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, новинарка подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за шверц на секс. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.
„Бизнисот на задоволството“, е работен по сценарио на Цветановски.
Улогите ги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска.
Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски. Снимен е со поддршка на македонската Агенција за филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.