По повод 107 години од избувнувањето на Октомвриската револуција што резултираше со создавањето на првата социјалистичка држава во светот – Советскиот сојуз на социјалистички републики (СССР), Социјалистичка зора и Социјалeн центар Дуња организираат проекција на филмот „ОКТОМВРИ – Десетте дена што го потресоа светот“.

Во режија на прославениот советски режисер Сергеј Ејзенштајн, овој филм преставува прва екранизација на истоименото дело на американскиот новинар и комунист – Џон Рид кој активно ја поддржувал револуцијата и бил очевидец на јуришот врз Зимскиот дворец.

 

Романот „10-те дена кои го потресоа светот“ на Џон Рид зборува за првите денови на Октомвриската револуција, дело кое е екранизирано во повеќе наврати, од кои најпознати се филмовите на Сергеј Езенштајн од 1927, филмот на Ворен Бити од 1981 и филмот на Сергеј Бондарчук од 1983 година.

Филмот на Сергеј Ејзенштајн има голема историска и уметничка вредност. Имено, премиерата на филмот се одржала на 7 ноември 1927 година во познатиот Бољшој театар во Москва, а во 1929 година бил прогласен за најдобар странски филм од Американското здружение на филмските критичари.

 

Проекцијата почнува во 19:00 часот, по што ќе следи дискусија и слушање револуционерна советска музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.