Во понеделник, 27 ноември 2023 година, со почеток од 17:30 часот во Малата Сала на МНТ, а во рамките на завршницата на Глобалната недела на претприемништво, премиерно ќе биде прикажан филмот „Chasing Unicorns“.

Напишан и режиран од естонскиот филмски и технолошки претприемач Раин Рану, „Chasing Unicorns“ е забавен и полу-сатиричен филмски приказ инспириран од вистински настан. Филмот го следи патот на жена претприемачка која се обидува да успее во машкиот свет на технологијата, од Европа па се до Силиконската Долина.

 

Придружете ни се заедно да го проследиме овој филм кој зборува за духот на претприемништвото и смелоста да се сонува за големи нешта!

За сите сонувачи, млади претприемачи и оние кои се чуствуваат млади картите се бесплатни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.