Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на краткиот документарен филм за Манастирот Матејче и Коџа Мехмед Беј Џамијата од Табановце.
Проектот на ЛАГ Абер и Музеј Куманово, насловен како „Скриена убавина” има за цел да ги доближи овие исклучителни средновековни споменици до обичниот човек, најмногу поради тоа што се тешко пристапни за добронамерните посетители. Во рамките на проектот е направена 3Д дигитализација, која овозможува целосен разглед на спомениците преку интернет, како и документарен филм кој има за цел да укаже, како на уникатноста на овие монументи, така и на фрапантната негрижа кон нив од страна на институционалниот систем на заштитата на културното наследство, вели Дејан Георгиевски, координатор на проектот.
Оргиналните вредности на Матејче и табановската џамија се нагласени од страна на проф. д-р Елизабета Димитрова од Институтот за Историја на уметност на Филозофскиот факултет, и Славица Крстиќ советник историчар на уметност од НУ Музеј Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.