Промотивната премиера на “Љубовната соба” ќе се одржи на 16 ноември (сабота), со почеток во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија.

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ на Сузана Диневски десога беше селектиран за учество во официјална категорија на над 20 меѓународни филмски фестивали со бројни номинации и освоени две награди за најдобар документарен филм.

Филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во затворот Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

„Љубовната соба“ кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија, е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Авард филм и видео, директор на фотографија е Фејми Даут, монтажата е на Горан Вуќиќ, автор на музиката е Дуке Бојаџиев, менаџер на продукција е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски и дизајнер на звук е Игор Поповски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.