TРИ ТОЧКИ Продукција организира премиера на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија на Елеонора Венинова.
17 мај (петок) | 20:00 | Киноверзум – Дом на култура „Билјана Беличанец“
Снимен во еден кадар, филмот ја раскажува приказната за едно девојче кое низ разговор со нејзиниот соговорник се обидува да дознае што се случило со баба ѝ.

Филмот ја имаше светската премиера на престижниот Интернационален филмски фестивал во Леувен, Белгија, американската премиера на SEEfest во Лос Анџелес, а во следниот период следува и премиера на филмот во Шпанија.

Главни улоги: Билјана Драгичевиќ, Надиа Кирковска
Режисерка и Сценаристка: Елеонора Венинова
Кинематографер: Фејми Даут
Монтажер: Гоце Кралевски
Композиторка: Мартина Силјановска
Дизајнер на звук: Дарко Спасовски
Сценгорафка: Александра Петковска
Костимографка: Жаклина Крстевска
Шминкерка: Ирена Сенокозлиоска
Продуценти: Гоце Кралевски, Елеонора Венинова
Филмот е продуциран од ТРИ ТОЧКИ Продукција во соработка со ДНФ Филмс и поддршка на Вардар Филм. Финансиран е од Агенцијата за филм на Р. Македонија.

Влезот е бесплатен, но потребна е претходна резервација на билет. Сите заинтересирани може да ни пишат на мејлот [email protected].



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.