Американскиот актер и режисер Шон Пен премиерно ќе го прикаже документарниот филм што го сними во Киев во кој се појавува украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлинскиот филмски фестивал следниот месец, соопштија организаторите во понеделникот.
На овогодишното 73-то Берлинале, кое ќе се одржи од 16 до 26 февруари, во центарот на вниманието ќе биде војната, која ќе ја одбележи првата годишнина од руската инвазија на Украина за време на настанот.
Филмот на Пен именуван како „Супермоќ“ е означен како „хроника на филмски проект што реалноста го принуди да го промени во нешто помалку контролирано, но позначајно“. Ко-директорот на фестивалот Карло Чатријан изјави пред новинарите дека филмот е снимен под „многу тешки околности“.
Пен беше во Киев за да снима документарен филм кон крајот на февруари 2022 година, кога започна руската инвазија.
Двократниот оскаровец беше фотографиран додека присуствуваше на владина прес-конференција во Киев, а можеше да се види и како се среќава со Зеленски на видеото објавено на профилот на Инстаграм на украинскиот претседател.
62-годишниот актер го сними документарниот филм за „Vice Studios“ со режисерскиот партнер Арон Кауфман.
Шон Пен претходно во јавноста привлече контроверзни реакции како резултат на неговата работа, особено откако тој и мексиканско-американската актерка Кејт дел Кастиљо му направија интервју на мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман додека тој беше во бегство.
Во 2018 година, беше објавено дека Шон Пен бил во Турција, снимал документарен филм за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија, кој се уште не е објавен.
„Супермоќ“ ќе се прикажува во специјалната секција на фестивалот Берлинале, надвор од конкуренција.
Исто така, ќе обезбеди бесплатен изложбен простор за претставниците на украинската филмска индустрија на Европски филмски фестивал и ќе ги нагласи можностите за копродукциска соработка со загрозените режисери од Украина, се вели во официјалното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.