Холивудскиот актер Зак Ефрон, е пренесен во болница во Шпанија, откако доживеал несреќа во приватна вила која ја изнајмил. Иако неговиот агент пренесува дека Ефрен бил превентивно пренесен во болница, информациите кои доаѓаат од Шпанија се поинакви.

Наводно двајца работници го пронашле актерот како „лебди“ во базен и го извлекле од базенот. Претставник на актерот го нарече само „ситен инцидент“.

Магазинот „People“ пренесува дека Ефрон бил пренесен во болница во петокот вечерта, и ја минал ноќта во болница. Медиумот пренесува дека имал несреќа откако се лизнал додека се шетал и незгодно паднал. Потоа морал да оди на операција и естетска корекција на вилицата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.