Најдобар еколошки филм на ЕХО Фестивалот за ооланински филм, оваа година му припадна на филмот „Помеѓу волците“, на Тeнги Думорти и Оливие Лари од Франција.

Образложението на жирито од Македонско еколошко друштво е следна:

,,Дали знаеме нешто за волкот? Неговите сетила, неговата екологија, неговите констелации во пактот? Со вакви прашања двајца истражувачи поминуваат неколку сезони набљудувајќи ги волците во зафрлените делови помеѓу Финска и Русија и тихуваат со цел да научат нешто повеќе за ова прекрасно животно. Магично визуелно доживување кое на момент ве тера да не дишете помислувајќи дека волкот ќе ве слушне и ќе избега. Овој филм освен што е прекрасна еколошка приказна тој учи и на тишина и трпение нешто што се повеќе ни недостасува во секојдневието.”

Членови на жирито се Фросина Пандурска-Драмиќанин, Арта Старова, Данка Узунова и Александар Павлов.

Најдобар филм за снежни спортови на Ехо 2024 е прогласен „Патување на животот“, на Жером Танон од Франција. Жирито за оваа категорија, во состав Сања Спасовска, Борјан Јовановски и Дарко Марков при прогласувањето, а претставувано од Сања вели;

„Сензационално остварување на една животна идеја на легендите на фрирајд скијањето Хавиер и Виктор Де Ла Ру, но она што ја прави посебна целата приказна е вклучувањето на Мила Де Ла Ру во оваа авантура, ќерка на Хави, која иако е порасната на скијачките терени во Швајцарија, тука доживувацелосна трансформација во своето скијање и вистинско фрирајд доживување, што ќе и ја разбуди веројатно наследната самодоверба на својот татко, повеќекратен фрирајд шампион и основач на најпознатото фрирајднатпреварување. Секоја сцена е исполнета со адреналин, возбуда и неизвесност, патувањето, престојот и целата логистика со едрилица до Антартик ја прави оваа авантура of a lifetime.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.